Компанијата DSCC, која работи со анализа на пазарот на производи кои вклучуваат екрани, заклучи дека причина за оптимизам на слабиот пазар на уреди на преклоп е очекувањето за влез на Apple на овој пазар. 

Тие започнуваат со анализа на пазарот за оваа година и заклучуваат дека продажбата на уредите на преклоп е намалена, а такво нешто се очекува и за идната година. 

„Сепак, постои причина за оптимизам, бидејќи Apple се очекува да влезе во 2H’26. Дополнително, очекуваме повеќе модели кои се преклопуваат на повеќе места кои доаѓаат во 2026 година и првиот лаптоп на лизгање во 2025 година.“ – истакнуваат од DSCC. 

Од компанијата истакнуваат дека по најмалку 40% годишен раст од 2019 до 2023 година, оваа година растот на пазарот очекуваат дека ќе биде само 5%, додека за идната година очекуваат дополнително намалување и раст од 4%. 

Samsung и Huawei се истакнуваат како два главни играчи на овој пазар, па и покрај тоа што има уште неколку, нивното влијание е незначително. Овие две компании држат повеќе од 70% од пазарот, па може да се каже дека фали трет сериозен играч да донесе посериозна конкуренција. 

Побарувачката за Galaxy Z Flip6 е послаба од очекуваното, а истиот заклучок се донесува и за дел од моделите на Huawei. 

Apple се очекува дека ќе влезе на овој пазар дури во 2026, но затоа за таа година се очекува зголемување на побарувачката и раст од 30%. 

Познато е дека Apple кога доцнат на пазарот, обично кога ќе влезат ги поставуваат стандардите, па ќе видиме дали и во овој случај е биде исто. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаМесец на подароци и празнични понуди за Телеком корисниците
Следна статијаВидео го открива One UI 7 пред официјалното претставување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.