Фото: Samsung / SDC24

Samsung оваа година реши да не ја пушти својата Android 15 надградба која доаѓа кај уредите во форма на One UI 7. Истата ќе биде пуштена со претставувањето на Galaxy S25 серијата идниот месец, па чекањето веќе е дојдено скоро при крај. 

Сепак, слободно може да се каже дека чекањето ќе вреди, а One UI 7 е доста голема надградба и донесува доста нови елементи кај корисничкиот интерфејс, а ќе има и нови функции. 

Затоа што веќе можевме да видиме неофицијални слики и видеа од Galaxy S25 Ultra и One UI 7, имаме претстава во кој правец се движи Samsung. Кратко кажано, може слободно да се заклучи дека голем дел од инспирацијата Samsung ја влече од iOS 18, но тоа на крајот е добра работа, па новините кои се очекуваат ќе го направат One UI многу подобар систем за корисниците. 

Ново видео, кое доаѓа од наводно по грешка пуштена страна на Samsung, открива дополнителни новини поврзани со One UI 7, а може да се каже дека сега ја добиваме скоро целосната слика за системот. 

Од видеото може да се види дека One UI 7 донесува новини како редизајнирана икони за апликациите од Samsung, тука е и издвојувањето на брзите контроли во посебен дел и со сличен дизајн како кај iOS 18, а има и доста други новини кои можете да ги погледнете во видеото во продолжение. 

Интересно е што може да се види дека Samsung додава новина слична на Dynamic Island која ќе прикажува информации во горниот и долниот дел од екранот, зависно од ситуацијата и апликацијата. 

Мојот заклучок е дека One UI 7 ќе биде една од поголемите и подобри надградби на системот од Samsung, а кога на тоа ќе се додадат и новите анимации, како и побрзата работа, корисниците дефинитивно ќе бидат задоволни идната година. 

Претходна статијаСе чека на iPhone на преклоп за повторно заживување на пазарот на вакви уреди во 2026
Следна статијаОд Meta почнуваат да признаваат дека претеруваат со „модерирањето“ на објавите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.