Уште од првите информации за веројатно најважниот iPhone од неговото претставување, бројката 8 ми се чинеше како збунувачка. Зошто Apple би претставил два модели – едните со додавката “S”, како освежување на актуелните iPhone 7-ки и еден само со додавката “8”?

Ова за многу купувачи би значело дека само со купувањето на 8-ката ќе го добијат најновиот модел, додека останатите ќе бидат само „утешна награда“ за оние кои нема да имаат толку пари.

Бидејќи се компанија која посветува особено големо внимание на именувањата на своите уреди, Apple најверојатно ќе го именуваат ексклузивниот модел со многу мала рамка iPhone X. Според информациите, изговарањето на овој модел ќе биде iPhone 10, што значи дека Apple и понатаму се потпира на бројка.

Сепак, бидејќи бројката ќе биде испишана со римски знак, ќе се разликува од останатите модели. Исто така, iPhone X ќе биде претставен на 10-годишнината од претставувањето на првиот iPhone, па додавката “10” е и многу логична.

Според истите извори, iPhone 7S и iPhone 7S Plus вушност ќе се викаат iPhone 8 и iPhone 8 Plus, односно тие ќе бидат своевидни наследници на iPhone 7 и 7 Plus. Причината за ова е веројатно тоа што и кај овие модели ќе има доволно промени за да се оправда новата генерација на номенклатура, како безжично полнење и заден дел изработен од стакло.

Истиот извор на крај дополнува и дека преднарачките за iPhone X ќе почнат на 15 септември, додека редови пред продавниците ќе се чекаат на 22 ноември.

Извор: TechnoBuffalo, The Next Web, BGR

Претходна статијаBosch промовира „паметно“ одржување на гардероба
Следна статијаMercedes развива хибриден супер-автомобил од 2,5 милиони долари