Досега ги дознавме веројатно сите поединости за новиот iPhone 8, кој најверојатно ќе биде претставен на 12 септември. Не е спорно, ова ќе биде еден навистина импресивен смартфон, но помалку импресивна ќе биде неговата цена од 999 долари, која сигурно ќе оттргне поголем дел од купувачите.

Да, факт е дека ова се премногу пари за еден паметен телефон, но ниту Galaxy Note 8, кој беше претставен неодамна не е многу поевтин – тој чини 930 долари. Всушност, со оглед на тоа дека беше најавувана цена високо над 1.000 долари за овој телефон, сега оваа од 999 долари изгледа и достапно, особено што почетниот модел ќе има простор од 64 GB.

Да потсетам, iPhone 8 ќе биде првиот модел на компанијата кој конечно ќе има помала рамка околу дисплејот (сите iPhone-и досега имаа прилично голема рамка) и ќе биде премиум моделот во понудата – iPhone 7S и iPhone 7S Plus ќе бидат наследници на моделите претставени од претходната година и повторно ќе имаат сличен изглед, само со стакло наместо алуминиум во задниот дел.

Високата цена на iPhone 8 сепак се чини дека нема да ги оттргне досегашните купувачи на iPhone, кои според истражувањата повторно би купиле iPhone како замена за нивниот актуелен телефон. Според истражувањата, дури 79% на iPhone корисници повторно ќе купат iPhone кога ќе го менуваат телефонот, а само 5% од нив би се префрлиле на Android смартфон.

Веројатно токму поради ова Apple се одлучува на висока цена на новиот модел, бидејќи знае дека купувачите повторно ќе го изберат него. Како и да е, времето сигурно ќе покаже.

Извор: The Verge, TechnoBuffalo, MacRumors

Претходна статија„Sea Hero Quest“ – првата мобилна игра во светот за борба против деменцијата сега и со VR (virtual reality) верзија
Следна статијаСамсунг претставува три нови екрани за употреба за работни цели на саемот ИФА2017