Фото: Engadget.com

Германскиот индустриски гигант „Bosch“ го претстави на IFA 2017 својот најнов изум именуван „X-Spect“. Се работи за пренослив уред кој има функција да распознава различни видови материјали, идентификува дамки на текстил и одредува од што се настанати или пак може да процени од што е составена храната. Или поедноставно кажано: доста комплицирано и дискутабилно во однос на практичната намена.

Налик на далечински управувач со вграден екран на допир кој вклучува неколку копчиња за командување со уредот. Примарна намена, од компанијата очекуваат уредот да најде во комбинација со уште еден нивен револуционерен производ, машина за перење која може да се поврзе на WiFi мрежа.

Практично тоа би изгледало вака: Со помош на скенерот го идентификувате материјалот од кој е направен вашиот џемпер, за таа информација да биде пренесена за само неколку секунди до вашата машина за перење која автоматски ќе понуди опција како истиот да биде исперен.

Дополнително, „Bosch“ цели кон „паметно“ одржување на гардеробата. За таа цел, X-Spect знае да препознае дамки на облеката и од што се настанати, за да секако предложи начин истите да бидат отстранети на најпогодниот начин.

Од актуелната перспектива ваквиот уред нема да најде преголема практична и комерцијална примена, меѓутоа се отвора простор во некоја не толку далечна иднина кога поголем број од апаратите од секојдневието ќе поседуваат оперативен систем, преносот на информации да оди побрзо. Сега за сега, X-Spect ќе остане „вселенски“ уред кој е пред своето време.

Извори: Engadget, Cnet

Фото: Engadget.com

Претходна статијаHuawei го претстави знаменосецот Kirin 970, чип кој процесира и вештачка интелигенција
Следна статијаiPhone 8 всушност ќе се вика iPhone X?