Според информации од Bloomberg, Apple оваа година очекува да продаде доста повеќе iPhone телефони, а споредбата не е само со ланската кризна година поради Ковид. Изворите од Bloomberg најавуваат дека Apple очекува дека до крајот на годината ќе продаде 90 милиони уреди од новата генерација од iPhone.

Стандардната нарачка која ја прави Apple последните години е околу 75 милиони уреди, што значи дека оваа година се очекува 20% раст на побарувачката за iPhone.

Како главна причина за очекувањата за поголема побарувачка е излезот од ланската криза, која иако не може да се каже дека е целосно завршена, со се поголемата вакцинација, може да се очекува многу поголемо нормализирање на животот од лани.

Исто така, блокадата која ја има уште Huawei од властите во САД прави да огромен број на корисници сега се размислуваат за друг производител, а тоа сигурно многу ќе ги однесе кон Apple.

Претставувањето на новите iPhone модели оваа година се очекува да биде во стандардниот период, септември, за разлика од минатата година која претставувањето беше одложено за октомври.

Се верува дека недостатокот на чипови во светот нема да влијае на производството на iPhone, поради големината на Apple и приоретизирањето од страна на производителите.

Не е уште сигурно кое име ќе го носат новите iPnone-и, а најмногу поради тоа што на ред доаѓа бројката 13, а познато е дека често истата се прескокнува поради суеверните верувања кај голем дел од корисниците.  

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаApple ќе претстави редизајниран iPad mini оваа есен
Следна статијаMozilla Firefox 90 донесува автоматско ажурирање на прелистувачот без да мора да е вклучен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.