Како и скоро секој производител на чипови денес и Apple почна да вградува можност за процесирање на таканаречената вештачка интелигенција. Прв ваков чип на Apple е новиот A11, кој се вградува во iPhone 8, 8 Plus и iPhone X и чија „интелигенција“ ги овозможува сите нови можности кај камерата, како на пример супер брзото препознавање на лицето и можноста за негово следење и префрлање во емотикони, односно подобар квалитет на „снепчет“ филтрите со изменета реалност.

Дополнителниот чип е таканаречен процесор со невронска мрежа, кој пресметувањата ги прави на друг начин, за разлика од стандардниот процесор. Поточно, тој има многу поголема брзина на процесирање на слики, односно можност за визуелна анализа. Благодарение на ова, новиот чип овозможува многу побрзо препознавање на лицето во однос на обичен процесор, како и за големо подобрување кај препознавање на човечкиот говор од страна на Siri, иако од друга страна не може да се користи за забрзување на класичните мобилни апликации.

Apple сепак сѐ уште нема дадено детални информации за нивниот чип, всушност како и скоро со сите други компоненти кои ги вградуваат во своите смартфони или таблети.

Како и да е, во време кога изменетата реалност е сѐ попопуларна кај смартфоните, ваквите чипови ќе станат се поприсутни – iPhone X е само почетокот. Според експертите, наскоро скоро секој поголем производител ќе има дополнителен чип за вештачка интелигенција, поточно машинско учење.

Извор: Wired, CNBC, The Verge

Претходна статијаFacebook ги „затега“ правилата за рекламирање и заработка
Следна статијаБорис Ефтимовски избран за нов Претседател на ИАБ Македонија
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments