Најпопуларната социјална мрежа Facebook ја менува полисата која се однесува на делот со заработката од реклами. Имено, ваквата реакција доаѓа откако компанијата била предмет на критика поради лесниот начин за споделување и ширење на лажни вести и сензационализам.

Со новата полиса која веднаш стапи на сила, прецизно се одредува кои корисницни и со каков вид на содржина ќе можат да заработуваат пари преку можноста за огласување. Како што е познато, Facebook, заедно со Google поседува значаен удел од севкупниот интернет маркетинг пазар, а проекциите велат дека може да се очекува раст од 13% веќе оваа година, со што телевизијата ќе го загуби приматот на најголем маркетиншки канал.

Критиките се засноваат на обвинувања од некои маркетинг компании кои велат дека Facebook неуспешно ги дистрибуира рекламните содржини до потребните потенцијални купувачи, како и дека рекламите се појавуваат во прилог на несоодветни содржини.

Брзата реакција и корекциите во „упатствата“ наменети за корисниците кои очекуваат да заработат на Facebook се очекува да вроди со плод во најскоро време. Како дополнителна мерка, компанијата планира ангажирање на дополнителни 3.000 луѓе задолжени за прегледување на објавените содржини од кои ќе се очекува да го покачат квалитетот на содржините, а да го елиминираат говорот на омраза, навредливи содржини и друг вид несоодветни содржини пропишани според „стандардите на заедницата“.

Извори: Reuters, NYTimes

Претходна статијаSamsung спрема свитлив Galaxy Note смартфон за наредната година
Следна статијаНовиот Apple A11 Bionic процесор има посебен чип за „вештачка интелигенција“