Lollipop Forest

Достапноста на најновата верзија од овој оперативен систем, Android 5.0 Lollipop, иако не беше официјално најавена од страна на Google, беше очекувана минатиот понеделник, односно од 3-ти Ноември. Сепак тоа минатата недела не се случи, па повторно бевме оставени на неофицијалните информации за да дознаеме нешто повеќе. Според нив поради откриени одредени багови, надградбата била одложена и истата беше најавено дека може да ја очекуваме оваа недела.

Тоа се покажа како точна информација, па од вчера вечер Android 5.0 е достапен за корисниците на некој од Nexus уредите. Сепак нема баш сите Nexus уреди да ја добијат новата верзија од Android, барем не веднаш, па така надградбата е достапна за следните уреди:

  • Nexus 5
  • Nexus 7 2012 Wi-Fi
  • Nexus 7 2013 Wi-Fi
  • Nexus 10

Двата Nexus 7 уреди кои што доаѓаат со мобилна конекција, ќе треба да причекаат уште малку за да ја добијат новата верзија. Nexus 4 исто така треба да ја добие новата верзија, меѓутоа не е сигурно дали тоа ќе биде заедно со другите уреди, па доколку сте корисник на овој уред, може да проверите и оставите коментар.

Надградбата на новата верзија од Android ќе биде достапна преку самиот уред, односно ОТА (Over the air). Сигурен сум дека повеќето од вас знаат како да проверат за нови верзии од оперативниот систем, но еве кратко потсетување за тие што не знаат. Во Settings одете до About tablet опцијата која што се наоѓа на најдолниот дел, па притиснете на првата опција System updates. Наредниот дел е едноставен, па имате само едно копче Check now кое што треба да го притиснете доколку надградбата не е прикажана како достапна автоматски.

Се разбира како и секогаш можеби нема да ја добиете надградбата уште првиот ден, па можете слободно да проверувате во текот на денот или деновите што следат.

За понапредните корисници кои што исто така не би сакале да чекаат додека ја добијат надградбата преку уредот, достапни се Factory images од Google кои што може да ги симнете и да го флешувате вашиот уред. Фајловите се достапни преку следниот линк каде што можете да го изберете соодветниот фајл за вашиот уред.

Screenshot 2014-11-13 11.35.04

Извор: Android Police, GSMArena, The Verge

Претходна статијаПретставен најавуваниот YouTube музички сервис
Следна статијаСподелете ги омилените спомени преку социјалната мрежа Memorate
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.