post from web promo 2

Memorate, како социјална мрежа за „споделување на спомени“, изгледа дека расте во последните месеци. Најпрвин се појави како Windows Phone 8 апликација, со главна намена за споделување „мем-ови“ – кратки мултимедијални реченици кои би ви ги поттикнале спомените за вашите пријатели, места, музика, видеа, или фотографии, и би ги поврзале со било што на кое тие ве потсетуваат. Сите мем-ови автоматски се објавуваат на социјалниот хаб Memorate – www.h-sense.net/memorate, кој доаѓа со интеграција со социјалните мрежи и споделување на Facebook и Twitter.

Не сте корисник на Windows Phone? H-Sense (https://www.facebook.com/hsenseIT), креаторите на Memorate, неодамна додадоа одлична функционалност која е погодна за секого – можноста да се објавуваат „мем-ови“директно преку социјалниот хаб. Во моментов, овие „мем-ови“ се базирани на сугестии, па вие сте на некој начин предизвикани да ги направите овие „мем-ови“ ваши со тоа што ќе им дадете личен ваш завршеток. Нурнете се во авантури на спомени со овој Предизвик на мем-ови!

Оваа надградба на Memorate доаѓа со уште поголема социјална интеграција – сега можете да се најавите на Memoratе со вашиот Facebook профил и да објавувате мем-ови на вашиот timeline, или да ги споделувате мем-овите на вашите пријатели на Facebook или Twitter. Исто така, можете да пишувате и Facebook коментари на интересни мем-ови и да започнете разговор со личност со која сте споделиле слични мем-ови.

Сеуште сакате да споделувате целосно лични мем-ови? Скокнете до WP Store и земете си ја бесплатната апликација (http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/memorate/1bb32956-82b6-4b4d-adaf-6eed1620b4b5), и почнете да го пополнувате вашиот „мем дневник“ со сопствени мем-ови. Овие мем-ови можете да ги споделувате на социјалниот хаб како и секој друг мем.

H-Sense тимот најавува уште поинтересни новости околу Memorate наскоро. Се уште не сакаат да ни откријат се, но обожавателите на Android би требало да очекуваат апликацијата да излезе наскоро. Исто така, подобрувања во однос на социјалното споделување се најавени како дел од промените. Следете ја Memorate на https://www.facebook.com/MemorateApp и бидете меѓу првите кои ќе дознаат за овие кул новости!

Претходна статијаAndroid 5.0 Lollipop достапен за Nexus уредите
Следна статијаДостапен нов build за Windows 10 Technical Preview