Pickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион

Бесплатни содржини до следното известување

Загреб, 16 март 2020 година. – Хрватската стриминг услуга Pickbox NOW преку официјалните профили на Facebook и Instagram упати апел за солидарност, одговорно однесување и помош на општеството кон поединците и компаниите.

За во оваа неочекувана ситуација да го дадеме својот мал придонес кон заедницата, овозможено е бесплатно користење на услугата Pickbox NOW. Сите серии, филмови и документарни емисии се достапни неограничено на подрачјата на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија и Црна Гора.

За пристап до сите содржини од понудата доволна е само регистрација, без внесување податоци за плаќање, на www.pickbox.tv или апликацијата Pickbox NOW.


ЗА УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ PICKBOX NOW

Pickbox NOW го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите, преку онлајн услугата за видео на барање и преку понудата на одбраните телекомуникациски оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходна статијаА1 Македонија со бесплатна услуга за видео конференција за сите – Заедно сме со вас
Следна статијаБиодизел-горивото доминира меѓу биогоривата во Европската Унија