На ниво на Европската Унија 71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година биле Е5 – односно содржел до 5 проценти етанол, а Е10 бензинот, односно бензинот со 10 проценти етанол – 15,7 проценти. Е0 биле само 12,2 процента од продадените бензини, односно не содржеле етанол, додека Е+ бензини со повеќе од 10 проценти етанол биле 0,1 процент и тука најголем дел е Е85 бензин со 85 проценти етанол.

Од дизел-горивата продадени во Европската Унија  во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти чист биодизел, а со поголем процент биодизел-гориво биле 16,2 процента од вкупната количина. 

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија  за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека биодизелот во најголем дел се добива од репка – 51,7 проценти, употребено растително масло или животинска маст – 33,7 проценти и од палмово масло – 6,1 процент. Овие три методи на производство на биодизел-гориво во Европската Унија  сочинуваат вкупно 91,5 проценти од вкупно потрошеното биодизел-гориво во Европската Унија  во 2017 година.

Биоетанолот во најголем дел се произведува од пченица – 63 проценти и шеќерна репка – 32,2 процента. Овие два начина на добивање биоетанол сочинуваат 95 проценти од вкупно произведената количина биоетанол во Европската Унија.

МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ

Фабрика за Биодизел на Макпетрол
Претходна статијаPickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион
Следна статијаРезултати од истражувањето на Ипсос за перцепциите на граѓаните на Македонија за Коронавирусот