Познатиот сервис Patreon работи на развој на видео сервис и посебен видео плеер за своите корисници. Тоа значи дека корисниците ќе можат целосно да ја прикачат и објават својата содржина преку овој сервис, а не како досега да за тоа мораат да зависат од други сервиси како YouTube или Vimeo.

Дека од Patreon работат на ова е потврдено и од директорот на компанијата, но тој нема дадено повеќе информации за тоа што може да се очекува, а уште поважно, кога.

Моментално корисниците на Patreon можат да објавуваат видеа директно на овој сервис, меѓутоа тие се ограничени на одредена големина и немаат доста од потребните алатки, поради што корисниците најчесто се насочуваат кон YouTube.

Не е чудно што баш овој период Patreon најавува ваква новост. YouTube се почесто се решава, за кратко кажано, цензура и во ситуации кога не се работи за говор на омраза, дезинформации и слично. Цензурирани се корисници за кои едноставно некој во компанијата не се служува со ставовите.

Корисниците се почесто бараат алтернатива на YouTube, каде нивните видеа ќе можат слободно да бидат гледани без некој неосновано да ги става во категоријата на лажни информации.

Ова посебно дојде до израз со појавата на корона вирусот и поделбата на луѓето на две страни, односно страна која верува во најлошото и поддржува секакво затворање и цензура и другата страна која верува дека нема ништо и не следи наука. Во основа, вистината секогаш е некаде на средината и не е така едноставна.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei со лиценцирање на нивните дизајни ќе се обиде да ги заобиколи блокадите од САД
Следна статијаШто научивме од 4-та годишна конференција за е-трговија?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.