Две години се поминати од почетокот на блокадата од страна на САД кон Huawei, со додавање на оваа компанија на листа на компании кои ја загрозуваат националната безбедност, а уште нема најави дека истата може да биде тргната. Блокадата опстојува во две администрации веќе, односно паднаа надежите дека со доаѓањето на Бајден на власт во САД, работите ќе се променат.

Huawei сега има нов начин како да продолжи да работи на смартфони и повторно да продава поголема количина, според Bloomberg. Се работи за план каде Huawei ќе почне да го лиценцира својот дизајн на смартфони на други компании кои немаат проблем во работата со САД.

Со тоа на пазарот би имало уреди кои се со познатиот дизајн и квалитет на Huawei, но од друг производител кој ќе нема проблем да користи Qualcomm чипови, како и Google сервиси и апликации.

Според информациите, Huawei моментално се има договорено за ваква соработка со една, исто така кинеска, компанија, а се во преговори со уште една.

Со оглед на тоа дека оваа информација не е потврдена од Huawei, останува да видиме дали навистина од компанијата планираат нешто вакво, а и колку големо значење ќе дадат на продажбата на лиценцирани од нив телефони.

Huawei продолжува со претставување на нивни телефони кои уште се популарни кај нивните фанови низ целиот свет, но дефинитивно може да се каже дека компанијата претрпе голема штета поради односите со САД.

Да не беа донесени блокадите, Huawei уште одамна ќе беше најверојатно производител број 1 во светот, нешто што сега се чини скоро недостижно.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПрва македонска платформа за поврзување на студенти и компании – Бинтерн
Следна статијаPatreon развива сопствен видео сервис кој ќе биде алтернатива на YouTube
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.