Shutterstock.com

Гледањето на филмови и серии на Netflix за корисниците кои немаат скапи аудио системи, како и тие кои често гледаат преку мобилен, таблет или лаптоп, ќе стане доста поквалитетно искуство, барем кога е во прашање звукот.

Од компанијата најавија дека во соработка со Sennheiser ја донесуваат нивната AMBEO технологија која ќе им овозможи на корисниците кои гледаат Netflix преку стерео систем, да добијат некаков „surround“ ефект.

Поточно се работи за додавање на „просторно аудио“ кое прави ефект на опкруженост со звукот, односно како звукот да доаѓа од сите страни.

Технологијата AMBEO 2-channel spatial audio е развиена од страна на Sennheiser, во соработка со повеќе нивни партнер, како и со Netflix. Од компанијата истакнуваат дека секој ќе може да ја користи технологијата преку лиценца, а Netflix се првиот стриминг сервис кој почнува да ја користи.

Содржината која ја користи технологијата за просторно аудио од Sennheiser може да се најде преку пребарување за „spatial audio“, а една од првите содржини кои доаѓаат со поддршка е најновата сезона од Stranger Things.

Тоа што треба да е јасно е дека оваа технологија, која автоматски е вклучена, не работи за корисниците кои имаат surround систем или систем кој има поддршка за Dolby Atmos, на пример. Тоа значи дека доколку на филмот или серијата која ја гледате, пишува Dolby Atmos, значи дека користите систем кој има поддршка за оваа технологија, па нема да биде вклучена AMBEO технологијата.

Дали AMBEO 2-channel spatial audio ќе направи некоја разлика во звукот, останува да процени корисникот, како и од уредот кој го користи за гледање, сепак на стерео систем, односно систем со два звучници, би требало најмногу да се забележи разликата.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаTwitter тестира можност за заедничка објава од двајца корисници
Следна статијаПоследен повик од ИТ.мк за вклучување во истражувањето за домашните ИТ професионалци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.