Twitter започна со тестирање на нова можност за објавување на една објава од два автори, односно од двајца корисници на мрежата. Можноста е наречена CoTweet и моментално се тестира на ограничен број на сметки во САД, Канада и Кореа.

CoTweet функционира едноставно како што кажува и самото име. Корисниците ќе можат да започнат со објавување на Tweet, по што наместо да го објават, ќе поканат друг корисник да биде ко-автор на објавата.

Потоа, оваа објава ќе биде прикажана на профилите на двата корисници, каде што ќе бидат и назначени како автори на истата.

Објавата со уште еден корисник може да се направи само доколку тој корисник ве следи и има јавен профил.

Со ова станува јасно за кого е наменета оваа нова можност, а во главно не е за обичните корисници. CoTweet повеќе ќе им користи на брендовите кои објавуваат нешто во соработка со уште некој, па наместо да објават посебно иста објава, сега ќе може тоа да го направат „партнерски“.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаТрилатерална средба помеѓу Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје
Следна статијаNetflix донесува „spatial audio“ за корисниците кои немаат озвучување со повеќе звучници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.