Shutterstock.com

Samsung делумно потврди дека оваа година нема да има нова генерација од Galaxy Note серијата, а тоа се шпекулира уште од минатата година, најавувајќи дека дел од карактеристиките ќе бидат префрлени кај Galaxy S серијата. Тоа и се случи со Galaxy S21 Ultra, а местото на Note серијата се најавуваше да го преземат Galaxy Z Fold уредите, односно уредите со екран кој се превиткува, иако од компанијата најавуваат дека идната година сигурно ќе има нова верзија од Galaxy Note серијата, но останува да видиме.

За оваа година, уште не е официјално потврдено, се очекуваат новите генерации од Galaxy Z Fold, како и од Galaxy Z Flip. Овие два уреди се сметаат како скоро сигурни за претставување оваа година, а сега неофицијалните информации најавуваат и трет уред во оваа категорија.

Третиот уред кој се најавува е сличен на Galaxy Z Fold, но наместо на едно место, би се превиткувал на три места. Со тоа ќе се добие поголем екран кога е отворен, кој повеќе ќе наликува на таблет компјутер.

Според информациите, превиткувањето ќе се прави така да нема да има потреба од надворешен екран, па во мобилен режим ќе се користи дел од главниот екран. Исто така, се најавува дека форматот на екранот, без разлика во кој режим, ќе биде повеќе стандарден и програмерите нема да имаат проблем со своите апликации.

Ваквата најава доаѓа поради поиздолжениот формат кој го има Galaxy Z Fold2 кога се користи во режим на мобилен, па може да се каже дека е до некаде чуден за користење, во споредба со класичен мобилен.

Дека Samsung воопшто размислува во овој правец може да се види и од патент апликациите кои ги има компанијата изминатите неколку години.

Неофицијалните информации говорат дека овој уред, заедно со останатите два, може да се очекуваат подоцна во годината, а најверојатно во периодот кога би требало да бидат претставени Galaxy Note телефоните.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаOnePlus го претстави својот прв паметен часовник
Следна статијаСè што треба да знаете за втората хуманитарна велодружба Cycle4Charity
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.