На вчерашниот настан каде беа преставени нови iPad mini, Apple Watch Series 7 и новите iPhone 13 уреди, Apple претстави и нова генерација, деветта по ред, од основниот iPad. Ова е првиот iPad што беше претставен и има големина на екранот од 10,2 инчи.

iPad го задржува својот постар дизајн, што значи дека не добива помали рамки како што е случајот со iPad mini. Тоа значи дека корисниците продолжуваат да го добиваат познатото Home копче на долната страна од таблетот, на кого е поставена и Touch ID функцијата.

Новиот iPad исто така нема да го добие најновиот чип од компанијата, па тој ќе работи на A13 Bionic кој беше претставен со iPhone 11 телефоните. Сепак, од Apple истакнуваат дека новиот iPad добива 20% подобрување на перформансите од претходниот модел, а исто така тврдат дека тој е за 3 пати побрз од најмногу продаваниот Chromebook, а дури 6 пати побрз од најмногу продаваниот Android таблет.

Предната камера кај iPad добива надградба, па таа сега е 12 мегапикселна ултра широка камера со поддршка за Center Stage функцијата од Pro моделите, кој исто така беше донесена кај најновиот iPad mini.

10,2 инчниот екран кај iPad ја добива True Tone функцијата која ја прилагодува топлината на боите на екранот зависно од светлото во околината. iPad исто така добива дупло поголем простор за податоци од претходниот модел, па така сега почетниот простор изнесува 64GB, а може да се избере и модел со 256GB.

Екранот очекувано е направен во LED технологија и има резолуција од 2160 на 1620 пиксели што е доволно за густина од 264 пиксели на инч. Ова е сепак послаба резолуција, доволно за да од Apple не го нарекуваат екранот Retina.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple Watch Series 7 донесува поголем екран со помали рамки
Следна статијаДевет години „Лице в лице“ во служба на вистината, вредностите и на подоброто општество
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.