Главните iPhone модели кои ќе им конкурираат на најдобрите од Android се iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max. Како главна новина кај овие про модели се истакнуваа воведувањето на стапка на освежување на екранот од 120 херци, нешто што конкуренцијата веќе доста време го нуди, а доста корисници се разочараа минатата година кога оваа можност не беше дел од iPhone 12 Pro моделите.

Со оваа стапка на освежување, работата со iPhone станува уште подобра, па играњето на игри, како и разгледувањето на друштвените мрежи и било кои други делови од корисничкиот интерфејс стануваат повеќе мазни, а реакцијата на прстот инстантна.

Стапката на освежување на е цело време 120 херци, односно истата се прилагодува зависно од што е тоа што го прави корисникот во моментот, од штедливи 10 херци, па се до максималните 120.

Про моделите секогаш донесуваат и нешто повеќе кај камерите од основните два модели. Па така и оваа година про моделите доаѓаат со три камери кои имаат одлични можности за сликање и снимање, како и нивно прилагодување отпосле.

Кај главната камера iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max добиваат уште поголем сензор од тој кај основните модели, па тој е со големина од 1,9 микрометри. Ова овозможува полесно влегување на светлина, помал шум и побрзо сликање.

Од Apple истакнуваат дека сите три камери имаат ноќен режим на сликање, а посебно е интересен Macro режимот кај ултра широката камера кој овозможува сликање на оддалеченост од само 2 сантиметри и гледање на неверојатни детали.

Третата камера кај про моделите овозможува зумирање при сликање, односно се работи за телефото камера.

Во комбинација со A15 Bionic чипот кој има процесор со 6 јадра, сликите кај iPhone 13 треба да бидат едни од најдобрите на пазарот.

Исто како и кај основните модели, про моделите го добиваат Cinematic режимот на снимање кој овозможува промена на фокусот зависно од личноста или објектот кои се во кадар. Посебно интересна е можноста да се промени фокусот кога личноста веќе не гледа во камерата.

iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max доаѓаат во четири бои, односно графитна, златна, сребрена и новата „сиера“ сина.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ги претстави iPhone 13 и iPhone 13 mini со намален исечок, нов процесор и подобрени камери
Следна статијаiPad mini доби редизајнирана верзија со поголем екран, подобри камери и USB-C
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.