Nothing, новата компанија на еден од основачите на познатиот OnePlus, почна со работа со големи најави за тоа какви производи ќе претставува на пазарот. После кратко се дозна дека првиот производ од компанијата ќе бидат безжични слушалки, па наместо овој месец како што беше првичниот план, слушалките ќе бидат претставени идниот, односно на 27ми јули.

Настанот ќе се одржи со почеток во 15:00 часот по македонско време, а ќе може да се следи во живо.

Слушалките кои ќе бидат претставени се во категоријата на слушалки кои се ставаат во увото, кои изминатите години се посебно популарни кај корисниците. Името кое ќе го носат е Nothing Ear (1), a се очекува да дојдат со функцијата за придушување на вревата.

Нема повеќе информации за тоа што може да се очекува од Nothing Ear (1), а за разлика од другите производители, за Nothing немаше повеќе шпекулации кои предвреме ни ги откриваат поголемиот дел од карактеристиките. Единствено нешто што се очекува е да слушалките имаат минималистички дизајн, со повеќе проѕирни делови.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOffice апликациите добија освежување на изгледот во стилот на Windows 11
Следна статијаWindows 11 се очекува да стане официјално достапен во октомври оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.