Пазарот на паметни уреди ќе добие нов конкурент за кој сега за сега надежите се големи. Тоа доаѓа од фактот што основачот на новата компанија е еден од основачите на одличната OnePlus, но и инвеститорите кои се луѓе поврзани со iPod, Twitch, Reddit, YouTube и слично.

Карл Пеи, ко-основачот на OnePlus, ја најави неговата нова компанија која е базирана во Лондон и истата го има името „Nothing“. Интересен избор на име од кое уште сега се гледа дека Пеи навистина навлегол во размислувањето за стилот кој ќе го имаат во иднина.

Во оваа фаза не се објавува какви производи може да се очекуваат од Nothing, освен дека ќе се работи за повеќе видови на производи во категоријата на паметни уреди. Ако се спореди со OnePlus, може да очекуваме уреди од аудио категоријата, па дури и некој паметен телефон.

Како и повеќето вака новоотворени компании, така и за Nothing се најавуваат големи работи кои не знаеме дали ќе покажат доволно голем успех на пазарот, односно дали навистина ќе го привлечат вниманието на корисниците.

Во своето соопштение, Пеи истакнува дека „мисијата на Nothing е да ги отстрани пречките помеѓу луѓето и технологијата за да се создаде беспрекорна дигитална иднина. Веруваме дека најдобрата технологија е убава, но сепак природна и интуитивна за користење. Кога е доволно напредна, таа треба да се изгуби во позадината и да се чувствува како ништо“.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЗвукот на Netflix добива голема надградба на Android со xHE-AAC кодекот
Следна статијаExynos чип од Samsung со графички процесор од AMD се најавува како силна конкуренција на Apple чиповите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.