Ко-основачот на познатата компанија за смартфони и други производи OnePlus, Карл Пеи, минатиот месец ја најави неговата нова компанија, лоцирана во Лондон, интересно именувана како Nothing.

Тогаш тој не даде повеќе информации за тоа какви производи може да очекуваме од Nothing, но најавата за луѓето кои се дел од инвеститорите, луѓе поврзани со iPod, Twitch, Reddit, YouTube и слично, остави простор за поголеми очекувања.

Во интервју со Bloomberg, Карл Пеи го откри првиот производ кој ќе го претстави Nothing. Се работи за безжични слушалки кои треба да станат достапни од ова лето. Повеќе информации за жал нема, освен тоа дека тие ќе бидат првите од неколку производи кои треба да бидат претставени до крајот на година. Исто така, посебно се истакнува поврзаноста која ќе ја имаат помеѓу себе овие производи.

„Ние градиме екосистем на паметни уреди. Ќе почнеме со поедноставни производи, безжични слушалки. Ќе имаме повеќе производи низ годината, не само аудио производи и на крајот сакаме да ги направиме овие уреди така да тие разговараат помеѓу себе.“ – истакна Пеи за Bloomberg.

Во ова интервју Пеи исто така објави дека во најновата рунда на собирање на средства, како инвеститори се приклучиле и GV, односно поранешно Google Ventures, кои се под Alphabet.

Иако како што очекувавме, најавите за некои посебни и револуционерни производи тешко дека ќе се остварат, сепак од Nothing сигурно можеме да очекуваме одлично дизајнирани и квалитетни производи.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаХакер го променил хемискиот состав на водата во пречистителна станица во Флорида, САД
Следна статијаПрви неофицијални слики од Android 12 ги најавуваат промените кои можеме да ги очекуваме
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.