Шерифот на Pinellas округот во државата Флорида во САД, излезе со информација дека на 5-ти февруари оваа година, хакер успеал да влезе во системот на прочистителна станица за вода и да ги промени прилагодувањата.

Поточно, хакерот успеал да го зголеми нивото на натриум хидроксид за повеќе од 10 пати од дозволеното, што веќе ја преминува безбедната граница. Натриум хлоридот се користи во процесот на третирање на водата, но има количина која е дозволена и точно контролирана.

За среќа, пристапот до системите од страна на хакерот биле веднаш забележан и неговите промени веднаш вратени во нормала. Поради тоа, се истакнува дека 15-те илјади жители не биле доведени во опасност.

Влезот во системот бил направен преку TeamViewer познатиот сервис за приклучување од други локации. Не е уште познато дали се работи за хакер од САД или од некоја друга земја.

Пристапот до системот хакерот го има направено два пати во истиот ден, односно во 8 часот наутро и уште еднаш во 13:30 часот.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаПлаќајте во движење со Garmin Pay
Следна статијаНовата компанија на ко-основачот на OnePlus, Nothing, го најави својот прв производ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.