Трета година по ред Samsung заедно со Galaxy S серијата ќе претстави и безжични слушалки, а секој нареден модел е се подобар. Не би изненадило доколку повторно во претпродажба корисниците кои порано ќе го нарачаат својот Galaxy S21, ги добијат новите слушалки бесплатно.

Galaxy Buds Pro треба да е името на годинешните слушалки, кои се сметаат како наследници на Galaxy Buds+ од минатата година, иако Samsung претстави и уште едни слушалки, Galaxy Buds Live минатото лето.

Досега Galaxy Buds Pro постоеја само како неофицијална информација, но Samsung Canada објави страна со овие слушалки и со тоа официјално ги потврди. Со тоа го имаме името на слушалките, како и нивниот модел, SM-R190. За повеќе информации поврзани со нив ќе почекаме уште малку, односно до Unpacked 2021 настанот кој ќе се одржи на 14-ти јануари, на кој ќе бидат претставени Galaxy S21 телефоните.

Од досегашните неофицијални информации за Galaxy Buds Pro може да очекуваме подолго време на користење, активно отстранување на вревата, Dolby Atmos и повеќе. Исто така, овие слушалки ќе го имаат дизајнот на претходните модели, односно нема да бидат како Buds Live.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаSamsung официјално го закажа претставувањето на Galaxy S21 за 14-ти јануари
Следна статијаСе поголеми се шансите Windows 10 оваа година да добие освежување на корисничкиот интерфејс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.