На Samsung Unpacked настанот кој што се одржа на почетокот од месецот, од компанијата претставија 5 нови уреди. Иако е тешко да се избере омилен, сепак живееме во време на паметни телефони и живот во движење, па сметаме дека одредени два уреди ќе бидат најмногу популарни кај корисниците, а посебни тие „напредните“.

Фановите и редовните купувачи на Note серијата оваа година имаат на што да се радуваат. Galaxy Note20 серијата, составена од двата Galaxy Note20 и Note20 Ultra уреди го нуди моментално најдоброто од Samsung, а сето тоа спакувано во досега најдобриот дизајн од компанијата и нова боја која сигурно ќе стане омилена за купувачите.

За најдобро корисничко искуство ги препорачуваме двата нови уреди од Samsung, а тоа се Note20 паметните телефони заедно со новите Galaxy Buds Live безжични слушалки.

Најдобро од сè и двата уреди доаѓаат во новата и предобра боја, мистично бронзена, покрај белата и црната боја за Galaxy Buds Live и покрај мистично зелената и сивата кај Note20 и мистично белата и црната кај Note20 Ultra. Како што може да се забележи кај овие два нови моќни смартфони, бојата е креирана со завршна мат изведба за целосно справување со отпечатоците од прстите, кои доста се гледаат кај други уреди.

Посебно овие два уреди доаѓаат со одлични карактеристики, но има неколку работи кои ги прават одличен пар, односно одлична комбинација за корисниците кои сакаат повеќе, корисниците кои знаат што точно сакаат од нивните паметни уреди.

Трите микрофони кои се дел од Galaxy Buds Live ги прават овие слушалки најдобриот безжичен „headset“ за правење на телефонски повици. Заедно со технологијата за детектирање на гласот од корисникот, телефонските повици преку Galaxy Buds Live ќе биде чисти, разбирливи и никој нема да има проблем да ве разбере, дури и доколку разговарате од прилично гласна околина.

Корисниците кои често снимаат видео содржини, навистина би требало да размислат дали нивниот нов Galaxy Note20 треба да го земат без овие слушалки. Слушалките може да се користат при снимање видео со што ќе се добие многу поголем квалитет на снимката, а посебно кога телефонот треба да биде поставен нешто подалеку и во околина која вклучува доста бучава.

Како и да е, слободно можеме да кажеме дека Samsung одлично се носи со условите на пазарот и надградбите, кои се дел од новите уреди се доволно големи за да корисниците не треба да се мислат дали да ги купат.

Galaxy Note20 доаѓа со одличен нов дизајн со нови бои кои во комбинација со мат изведбата ги прават овие уреди да изгледаат подобро од сите останати на пазарот, иако тоа е субјективна работа.

Модулот за камерата на задната страна е поголем и повеќе истакнат, а посебно добро изгледаат круговите каде се поставени камерите кои ја имаат бојата од телефонот со што се истакнуваат и прават целиот модул и уред да изгледаат одлично.

Galaxy Note20 телефоните, како серија која е позната по своето S Pen пенкалце, меѓу другото, го носат ова пенкалце на наредното ниво со што станува главната причина зошто еден Note фан би сакал да го купи најновото од Samsung, дури и да е сопственик на минатогодишните Note10 уреди.

Новото S Pen прави неговото користењето да е најслично досега на пишување на обична хартија со обично пенкало. Прикажувањето на екранот на тоа што е напишано, нацртано и слично е инстантно.

Ова посебно доаѓа со израз кај Note20 Ultra моделот кој доаѓа со екран со стапка на освежување од 120 Hz, па покрај побрзи анимации и „мазна“ работа, корисниците добиваат и мала предност при користењето на S Pen.

Galaxy Buds Live се нов производ од компанијата кој во досегашните тестирања ги добива најдобрите оценки.

Главната новина кај овие слушалки е нивната форма, која уште пред да бидат официјално претставени, беа дел од шпекулациите и нарекувани дека изгледаат како „гравче“. Оваа форма има и конкретна цел зошто е таква, односно со истата се постигнува целосно затворање на влезот од ушниот канал, нешто што е клучно за втората главна карактеристика на Buds Live.

Galaxy Buds Live доаѓаат со активно придушување на бучавата, нешто на кое корисниците се надеваа дека ќе биде вклучено кај претходните модели на безжични слушалки од компанијата. Со оваа карактеристика, слушалките овозможуваат непречено слушање на музика или било што друго, без во тоа да пречи околината која посебно кај нас често знае да биде прилично гласна.

Ново развиените звучници, како и посебните канали за пренесување на звукот и басот, ги прави Galaxy Buds Live едни од подобрите слушалки на пазарот и кога е во прашање квалитетот на звукот кој може да го очекуваат корисниците кои се навикнати да се цело време со слушалки во ушите.

Дефинитивно може да се заклучи дека Samsung останува лидер на пазарот, кој ги произведува едни од најдобрите уреди. Корисниците можат да бидат сигурни дека со купување на уред на кој пишува Samsung, не можат да згрешат, а кога е во прашање највисоката класа на уреди, веќе доаѓаме до заклучок дека е и тешко некој да добро конкурира.

Претходна статијаBrexit: The Uncivil War (2019)
Следна статијаНовиот директор на TikTok кој дојде од Disney, Кевин Маер, даде отказ од својата позиција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.