iPad mini е одличен таблет компјутер, без разлика на користењето на се поголеми уреди од страна на корисниците. Овој таблет од Apple прво се најави дека нема да продолжи да се развива, па после повеќе години беше подновен со неговата петта генерација.

Тоа што остана сепак до некаде како разочарување е што најновиот iPad mini од 2019 го задржа стариот дизајн, иако Apple можеше да вклучи барем дел од новините кои ги воведе кај iPad Pro моделите, а подоцна пренесени и кај iPhone.

Ова изгледа ќе се смени оваа година, па од компанијата ќе ја претстават шестата генерација од iPad mini со повеќе промени во изгледот.

Според неофицијалните информации, iPad mini треба да го изгуби Touch ID копчето на предната страна, кое одамна не е дел од iPhone и повеќето други iPad модели. Отклучувањето на уредот сепак ќе продолжи со Touch ID, но сензорот ќе биде поставен на страничното копче за отклучување, како што е случајот кај најновиот iPad Air.

Со тргањето на копчето од предната страна, се остава простор за намалување на рамките околу екранот, а според најавите тој ќе добие и нешто поразличен формат.

Исто така, се најавува зголемување на димензиите на екранот, па наместо сегашните 7,9 инчи, iPad mini ќе има екран со големина од 8,5 до 9 инчи, но сепак се верува дека одлуката ќе падне на големина од 8,7 инчи.

Со помалите рамки дефинитивно останува простор да се зголеми екранот, без притоа да се изгуби помалиот, mini формат на овој таблет компјутер.

Од останатите карактеристики, се најавува дека iPad mini може да дојде со USB-C приклучок, како и најновиот чип од Apple, а се најавува и поддршка за ново, помало Apple пенкалце.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаАнгеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН
Следна статијаApple ќе нарача производство на iPhone за 20% повеќе од изминатите години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.