win-xp

Како што повеќето од вас знаат, поддршката за стариот Windows XP официјално заврши на почетокот од Април и со тоа корисниците кои што се’ уште го користат овој оперативен систем нема да добиваат сигурносни надградби или било какви закпри. Поради тоа се препорачува сите што побрзо да ги надградат своите системи на некој од поновите оперативни системи, како Windows 7 или Windows 8.1, а се разбира тука се и неколку од познатите Linux дистрибуции, меѓу кои и најпознатата Ubuntu.

Иако после одлуката на Microsoft конечно да престане да издава надградби за Windows XP голем број од корисниците почнаа да ги надградуваат своите системи со понови верзии, сепак голем дел се’ уште останаа да го користат овој оперативен систем. Причините за продолжување на користење на овој стар оперативен систем се различни. Кај некои процесот на инсталирање на нови системи, прилагодување на корпоративните апликации и посебно обуката на вработените е многу поголем проблем отколку продолжување на користење на стариот систем.

Која и да е причината поради која што уште го користите Windows XP и сте загрижени што ќе значи прекинот на поддршка, на интернет се појави начин како да продолжите да добивате надградби. Ова може да се постигне преку правење на мала промена во регистарот на оперативниот систем, по што потоа можете да проверите за достапни надградби. Промената во регистарот можете да ја направите со внесување на следниот текст во notepad и зачувување на фајлот со .reg екстензија:

Windows Registry Editor Version 5.00

[HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\WPA\PosReady]

“Installed”=dword:00000001

Името на фајлот можете да го ставите кое што сакате, единствено што е важно е екстензијата на фајлот да биде .reg. Креираниот фајл треба да го стартувате како и секој друг со кликање два пати на него и работата е завршена.

updates

Овој hack, како што популарно се нарекува, функционира така што ги „измамува“ серверите на Microsoft да мислат дека оперативниот систем е Windows Embedded POSReady кој што работи на Windows XP Service Pack 3 и ќе добива надградби до 2019 година.

Сепак не се знае до кога ќе може да се користи овој заобиколен начин на добивање на надградби, односно дали Microsoft ќе продолжи да дозволува ова да функционира. Исто така надградбите иако во основа наменети за Windows XP, се наменети за систем кој што е прилагоден за друга работа и надградбите може да направат проблеми со вашиот систем. Затоа се препорачува да ги надградите вашите системи со било кој понов оперативен систем.

Извор: Betanews

Претходна статијаНајдобриот Windows анти-вирус во 2014 според лабораториите на AV-TEST
Следна статијаДали новиот кинески Smartisan T1 е новиот iPhone ривал ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.