Microsoft ја објави датата кога официјално ќе престане да го поддржува Windows 10 Mobile и со тоа става крај на нивните обиди на овој дел од пазарот.
Тоа така барем изгледа кога ќе се види се што прават од компанијата изминатите години, меѓутоа кога ќе се земе во предвид дека Windows 10 е прилагоден да работи на мобилните, ARM процесори, сепак останува можноста Microsoft некогаш да се вратат на пазарот на мобилни.
Дека Windows 10 одлично би работел на мобилните може да се види и од видеото погоре. Windows 10, oдносно ARM прилагодената верзија работи на стариот и тогаш одличен Lumia 950 XL.
Windows 10 за ARM е замислен да работи на мали лаптоп и таблет компјутери кои ќе бидат „секогаш вклучени“, меѓутоа никогаш не може да се исклучи можноста да го видиме и на некој хибриден уред, како Andromeda, на пример.