Како би изгледал уредот од Microsoft на преклопување

Според досегашните информации може да се добие доволно добра слика за тоа што може да се очекува од Microsoft на овој план

Дечките од T3 порталот редовно сакаат да пренесуваат концепт дизајни од непретставени уреди направени од Concept Creator, па кога ќе ни привлечат внимание со некое видео, истото сигурно ви го пренесуваме.

Видеото кое го пренесуваме денес е одлично направен 3D концепт од Microsoft Andromeda, односно уредот од компанијата кој треба да дојде со екран на превиткување и со тоа да може да се користи како таблет и смартфон.

Оваа година ќе видиме вакви уреди од повеќе производители, а веќе го видовме и првиот ваков уред FlexPai, но најмногу го очекуваме тој од Samsung.

Концептот претставен на видеото погоре изгледа одлично, па доколку од Microsoft претстават нешто слично, сигурен сум дека ќе привлече големо внимание и позитивни оценки.