Фото: Shutterstock.com

Microsoft ја пушти надградбата за оваа година за Windows 10 при крајот на минатиот месец. Истата не донесе некои посебни новини, иако претходно имаше некои најави дека од компанијата сепак ќе се потрудат нешто повеќе и за оваа верзија од Windows.

Windows 10 2022 Update, односно Windows 10 22H2 се инсталира брзо и едноставно, односно исто како што се инсталираат месечните безбедносни верзии. Тоа што корисниците ќе го добијат со оваа верзија во основа се сведува на подобрување на корисничкото искуство поврзано со квалитетот, продуктивноста и безбедноста, што и да значи тоа.

Исто така, со инсталирање на оваа верзија со добива продолжување на поддршката која Microsoft ја ограничува на 18 месеци на секоја верзија од Windows 10, а генерално овој систем ќе постои до 2025.

Како што тоа со години го прават, од компанијата надградбите ги пуштаат постепено, односно не наеднаш за сите корисници. Со тоа се внимава да не дојде до одредени проблеми кои ако се јават, нема да бидат кај голем процент од корисниците.

Сега од компанијата го променија статусот на надградбата во таканаречениот „broad deployment“. Ова значи дека со притискање на копчето во Windows Update сега на повеќето корисници ќе им биде прикажана надградбата и ќе можат да ја инсталираат.

Доколку сте корисник на Windows 10 и се прашувате зошто воопшто би ја инсталирале оваа верзија, одговорот би бил во главно за да можете да продолжите и понатаму да добивате надградби и да добиете мало подобрување на перформансите.

Инаку, како што е познато, главниот оперативен систем на Microsoft сега е Windows 11 каде што е насочено целото внимание.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаVivo ја претстави X90 серијата со првиот телефон кој работи на Snapdragon 8 Gen 2
Следна статијаWindows Subsystem for Linux пуштен како апликација во Microsoft Store за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments