Во верзијата 25264 од Windows Insider програмата, „се крие“ една функција која непотребно беше тргната од Windows 11, а беше достапна од Windows 7, па наваму.

Се работи за можноста корисниците да изберат дали сакаат прозорите од истата апликација да им бидат групирани во една икона на „таскбарот“ или тие да се прикажуваат во посебни икони, како што беше случајот пред промената на овој дел со Windows 7.

Со претставувањето на Windows 11 оваа можност беше тргната, па може да се каже дека истата е една од повеќе популарните барања на корисниците до Microsoft.

Од тоа што може да се види, функцијата е се’ уште во фаза на развој, па покрај тоа што не е официјално пуштена за корисниците на тест верзијата од Windows 11, посебните икони ги немаат насловите на посебните прозори.

Не е точно познато кога може да се очекува оваа новина за сите корисници, но наша претпоставка е дека тоа би било некаде во пролет.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаСпоред резултати од неофицијални тестови, Qualcomm уште не може да ги стигне Apple во перформансите на нивните чипови
Следна статијаПанел дискусија: Развивање на работните места од иднината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.