Пандемијата со Ковид-19 изврши притисок врз пазарот на труд во Северна Македонија. Невработеноста не забележа значајно зголемување, бидејќи реакцијата на работодавачите беше главно во насока на платени отсуства од работа и намалување на обемот на работните часови, а работата од дома беше искористена како опција во дејностите со таква можност  

Со големите промени кои се случија на пазарот на труд – од начинот на работа, се до пристапот на компаниите – многу од работодавците се соочени со нови предизвици кои можат да бидат пресудни за тоа дали нивните компании ќе опстанат на пазарот – да се привикнат на „новото нормално“, или да ризикуваат да изгубат чекор со индустриските трендови.

Панел дискусијата, организирана од Филозофскиот Факултет – Скопје заедно со IT Labs, како дел од Re:Imagine People Management сесиите, ќе содржи експерти и лидери во сферата на човечките ресурси кои ќе ги споделат своите професионални искуства во однос на различните аспекти на работењето со луѓе: сега и во иднина.

Како ќе изгледа работењето во иднина? Што ќе се смени? Што ќе остане исто? – Ова се само дел од прашањата на кои учесниците споменати подолу ќе се обидат да ги одговорат. Сесијата ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев.

Модератор:

  • проф. д-р Софија Георгиевска, раководител на Центар за менаџмент на човекови ресурси

Панелисти:

  • Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси во IT Labs,
  • Билјана Блажевска Стоилковска, професор на Филозофски факултет,
  • Дејан Ваневски, менаџер за стратешки развој на бизнис во Thrivity,
  • Васка Ѓорчевска Заевска, заменик директор во Витек Македонија,
  • Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси, А1 Македонија,
  • Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка
  • Ставрос Георгакопулос, директор за човечки ресурси во Македонски Телеком

Покрај ова, посебно внимание ќе биде посветено и на тоа што им недостасува на компаниите да се подготват за „новата ера“, како да се создаде стимулативна работна средина, и дали „добросостојба на вработениот“ е нешто што е исто за сите индустрии, или се разликува.

Панел дискусијата: Развивање на работните места од иднината ќе се одржи на 22.11.2022 со почеток во 17:00 часот, во просториите на Филозофски факултет.

Во рамки на Re:Imagine People Management сесиите, покрај панел дискусијата,ќе бидат одржани следниве три предавања:

  • „Кариерен Развој – Процес, алатки и улоги“ – Никита Попова, специјалист за човечки ресурси, IT Labs
  • „Како до успешен процес на регрутација?“ – Елена Милеска Дворчанец, регрутер, IT Labs
  • „Грижа за добросостојба на вработените: Системски пристап“ – Фросина Зафировска, директор на оддел за човечки ресурси, IT

https://www.facebook.com/events/711546153226407

Претходна статијаWindows 11 ќе добие назад една доста важна можност на „таскбарот“
Следна статијаYouTube има нова анимација и звук кога се вклучува апликацијата на телевизорите