Некаде во април прочитавме дека Windows 11 ќе добие поддршка за „виџети“ од трети страни, односно од програмерите на другите достапни апликации, не само моментално достапните кои се од Microsoft.

Тогаш се работеше за неофицијална најава, па секако чекавме да видиме што ќе кажат од Microsoft на темата. Од компанијата официјално го најавија доаѓањето на оваа функција на Windows 11, а временската рамка ја поставија за до крајот на годината.

Повеќе информации околу овие виџети тие не дадоа, па познато е само дека тие ќе може да се направат за сите win32 и PWA апликации, што е одлично. Програмерите за правењето на виџетите ќе можат да ја користат платформата од компанијата неречена Adaptive Cards.

Иако сега не можеме да знаеме колку ќе бидат прифатени виџетите од програмерите, може да се очекуваат доста корисници виџети кои ќе прикажуваат важни информации во делот за виџети во Windows 11.

Покрај сегашните виџети за временска прогноза, календар и слично од Microsoft, одлично би дошле виџети од Facebook, Twitter, Viber и слично.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung Galaxy S22 Ultra први импресии – најдоброто од Galaxy S и Galaxy Note серијата во еден телефон
Следна статијаАУЕ-ФОН: Професионална ориентација – Клучни фактори при изборот на факултет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.