Screenshot 2014-12-08 14.33.54

Најави дека персоналниот асистент на Microsoft, Cortana, ќе биде достапна и за други платформи покрај на Windows Phone има уште пред претставувањето на Windows 10. Со оглед на фактот дека Windows 10 треба да биде еден оперативен систем кој што ќе работи на различните уреди, комбинирањето на одредени функции сега достапни само на една платформа не е воопшто неочекувано.

Воведувањето на Cortana во Windows 10 веќе претставува информација која што е прилично сигурна, па останува само прашањето дали корисниците ќе ја видат во некоја од тест верзиите од оперативниот систем или дури по официјалното пуштање на финалната верзија.

Без разлика на времето на достапност, Cortana веќе е во фаза на интегрирање и за десктоп и таблет корисниците, а тоа може да се види од видеото направено од порталот Winbeta. Тие имаат дојдено до верзија од Windows 10 која што уште не е пуштена за корисниците, верзија која што вклучува почетна верзија од Cortana.

Од видеото може да се види она што и би го очекувале, а тоа е дека Cortana ќе работи како што тоа го прави на Windows Phone. Сепак во видеото се работи за почетна тест верзија, па не сите функции од мобилната верзија се достапни за презентирање. Како и да е, Cortana може да ги изврши основните работи за кои што и се наменети дигиталните лични асистенти.

Извор: Winbeta

Претходна статијаAndroid 5.0 за Galaxy уредите може да се очекува од почетокот на идната година
Следна статијаОваа четка за заби ќе ви помогне полесно да ја исплакнете устата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.