Lollipop Forest

По информацијата дека Samsung има започнато со пуштање на Android 5.0 надградбата за Galaxy S5 во Полска, се претпоставуваше дека само прашање на време е кога остатокот од корисниците ќе ја добијат исто така. Тоа се веруваше и за останатите понови и поскапи уреди од оваа компанија, како што се Note 4, S4 и слично.

Можеби доколку Samsung излезеше со официјални информации ќе беше до некаде полесно за корисниците, па вака останува да се бараат информации кои што не е секогаш сигурно дали ќе се остварат.

Според Vincent Se Young Lee, репортер за Ројтерс од Сеул, Samsung нема да ја пушти надградбата за другите уреди до почетокот на идната година, иако поточна дата не е дадена. Конкретно се спомнати уредите S5 LTE-A моделот, S4, Note 4 и Note 3. Оваа информација не кажува многу за тоа кога корисниците може да ја очекуваат надградбата, но барем сега ќе знаат да не се надеваат на истата пред нова година.

Корисниците покрај Samsung треба да чекаат и надградбата да биде одобрена и пуштена од операторот на кој што го користат уредот, што може да додаде уште одреден период на чекање. Сепак, доколку не излезе нешто непланирано, корисниците треба побрзо да ја добијат најновата верзија од Android за разлика од претходните години.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаGoogle почна да трга Pirate Bay апликации од Play продавницата
Следна статијаВидео од Cortana на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.