microsoft-cortana-624x330

Cortana е личен асистент кој што извршува одредени работи врз основа на вашите гласовни команди, односно верзија на Microsoft за нивните уреди на Siri и Google Now. Името доаѓа од истоимениот лик во играта Halo, а истата актерката е ангажирана за гласот на асистентот. Моментално Cortana е достапна за корисниците на Windows Phone 8.1 Preview for Developers, меѓутоа само за тие кои што живеат во USA или тие што може да го наместат главниот јазик и регион да биде English US. Според најавите наскоро Cortana ќе биде достапна и за британските корисници, па повеќето ќе може да ја пробаат и да ја тестираат како функционира.

Од оглас за работа кој што го има објавено Microsoft на нивната страна, може да се види дека плановите за Cortana се поголеми од развојот само на Windows Phone платформата. Огласот бара програмери кои што би работеле на наредната генерација од Cortana и со тоа ќе ја донесат на Windows платформата, односно на десктоп и таблет компјутерите.

Дали сакате да бидете дел од тимот кој што ја развива наредната генерација од Cortana ? Ние бараме силни и мотивирани програмери да ни помогнат да ја оформиме еволуцијата од наредната генерација од дигиталниот асистент од Microsoft – Cortana. Работата на дигиталниот асистент е предизвикувачка, возбудлива и иновативна. Како дел од Cortana тимот вие ќе имате можност да ја проширите границата, да го редефинирате искуството за персонализација на Windows.

Потегот на овозможување на Cortana да работи на повеќе платформи не треба да ве изненади. Од компанијата сепак работат на унифицирање на корисничкото искуство помеѓу нивните платформи, па Cortana е логично да биде дел од тоа искуство. Не се спомнува во огласот, меѓутоа наредниот логичен чекор би бил интегрирање на Cortana и во Xbox One конзолата која што веќе голем дел од работите може да ги изврши користејќи гласовни команди.

Извор: WPCentral, Microsoft

Претходна статијаНадградба на OS X Mavericks 10.9.3 достапна за корисниците
Следна статија17 годишник го постави новиот рекорд за најбрзо пишување на мобилен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.