Можеби се научивме повеќето нови производи да вклучуваат некоја за до пред некое време напредна технологија со што производот е ставен во категоријата на „паметни“ уреди. Тоа е одличен тренд кој што го унапредува корисничкото искуство во многу области, како професионално, така и во домот.
Меѓутоа, од време на време наидуваме на интересен производ кој што не користи некој нова и посебна технологија за да стане покорисен за потрошувачите.
Rinser четката од Amron, е електрична четка која што покрај тоа, не вклучува било каква додатна технологија. Доаѓа со можност за промена на главата, карактеристика за ваквите четки кои што не се наменети целосно да бидат менувани во краток период.
Како што кажува и самото име, Rinser четката е наменета да го промени начинот на кој што ја плакнете устата по миењето на забите. Таа е така направена што овозможува пренасочување на водата кога ќе ја ставите под млазот од чешмата, креирајќи мала фонтана.
Водата која што е насочена нагоре е доволно висока за да веќе не мора да се наведнувате под чешмата за да ја исплакнете устата. Ова може за некој да се погоди како корисен начин за пиење на вода без користење на чаша.
Без разлика за намената, Rinser е интересен производ во време кога секоја иновација во главно доаѓа во форма на поврзување со мобилна апликација и слично.
Во следното видео можете подобро да видите како функционира оваа четка и како може да се користи.