Apple минатата година најави дека во iOS 14 ќе воведе нова функција која ќе им овозможи избор на корисниците дали сакаат да дозволат да бидат следени од страна на апликациите, нешто што е стандардна практика веќе одамна во главно за рекламни цели.

На почетокот од годината функцијата беше официјално најавена и Apple информира кога ќе може да се очекува да стана дел од iOS 14. Пред пуштањето на оваа функција Apple почна да става информации кај апликациите за тоа кои се информациите кои тие ги собираат од корисниците.

iOS 14.5 е најновата верзија од овој оперативен систем и ова е верзијата со која функцијата App Tracking Transparency официјално станува достапна. Корисниците сега ќе можат да изберат дали сакаат да дозволат некоја апликација да ги следи, а се претпоставува дека кога им е даден изборот повеќето корисници ќе се одлучат за блокирање на следењето, нешто што доведе и до голема реакција од Facebook.

App Tracking Transparency, односно ATT, ќе го прикажува изборот за корисниците при првото вклучување на ново инсталирана апликација. За веќе инсталираните апликации корисниците ќе можат да го направат изборот преку Settings и одење кај конкретната апликација или преку Settings > Privacy > Tracking.

Во овој посебен дел за приватноста, покрај тоа што е достапна листата од инсталирани апликации, за посебно бирање која апликација може или не да ги следи корисниците, можно е и целосно исклучување на оваа можност за сите апликации одеднаш.

Инаку, кога се зборува за следење на корисниците, се мисли за можноста на апликациите да „гледаат“ кои други апликации ги отвара корисникот, што прави во нив, како и кои веб страници ги отвара, со цел креирање на профил за тој корисник и потоа прикажување на специјализирани реклами.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаМожевме и без Stowaway (2021)
Следна статијаНајсовремената алатка за планирање ја поддржува најголемата 5G здравствена мрежа
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.