Фактот што Apple подоцна се приклучија на сега веќе стандардното додавање функции со генеративна вештачка интелигенција, не е толку проблем. Од компанијата стандардно подоцна претставуваат одредени работи, но нивниот стил е да кога ќе претстават нешто, тоа обично е доста подобро од другите.
Сепак, со ВИ не е тоа случајот, па од компанија побрзаа да се приклучат на трендот, а со тоа само покажаа дека не се баш подготвени. Изгледа дека за разлика од другите ситуации кога не се подготвени за нешто, во овој случај сметаат дека е поважно да се побрза, а и неподготвеноста е кај нив, не кај генералната технологија.
Веќе можевме да прочитаме дека најавените надградби на способноста на Siri нема да бидат дел од првите бета верзии од iOS 18.4, односно Apple не успеале да ги средат доволно.
Сега кога овие бета верзии се достапни, гледаме дека информацијата била точна, па Марк Гурман повторно излегува со истото тврдење. Тој верува дека надградбите сега се планираат за iOS 18.5, а оваа верзија веќе се тестира внатре во компанијата и би била пуштена за корисниците во мај.
Дел од информациите говорат и дека Apple нема да успеат со пуштањето на верзијата од Siri со нивни големи јазични модели, нешто што досега беше најавувано за идната година, па можно е оваа новина да биде одложена дури за 2027.
Apple сигурно некогаш ќе успее да ги стигне конкурентите, но засега тоа изгледа скоро невозможно, па ќе биде интересно да се следи што ќе направи компанијата на овој план.