Фото: Apple

Изгледа дека сепак најавата од Тим Кук вчера, која ни порача дека „Има нешто во воздухот“, сепак се однесува на неколку уреди, а не само на MacBook Air. Според Марк Гурман, новата верзија од овој тенок лаптоп може да се очекува утре, а Apple денеска ја претстави седмата генерација од iPad Air. 

Шестата генерација од iPad Air беше претставена во мај минатата година, а покрај М2 чипот, таблет компјутерот доби и уште една големина, 13 инчна, покрај 11 инчната верзија. 

Денеска претставениот iPad Air исто така е достапен во истите две големини, а чипот на којшто работи е М3. Apple не се одлучи да му го даде на овој поевтин iPad нивниот најнов чип, а поради тоа овој уред продолжува да се продава по пониска, односно поприфатлива цена. 

Од Apple карактеристично споредбата не ја прават со ланскиот модел и М2 чипот, поради помала разлика во перформанси, иако истата е доволна, па истакнуваат дека новиот iPad Air е скоро два пати побрз од тој со М1, односно 3,5 пати во споредба со тој со А14 чипот. 

Добивањето на М3 чипот за iPad Air исто така значи и добро подобрување на графиката, односно 40% подобрување во споредба со М1, како и за првпат за овој уред поддршка за динамично кеширање, заедно со хардверски забрзани „меш сенки“ и „ray tracing“. 

Со оглед на тоа што новиот iPad Air работи на М3 чипот и има 8GB RAM, корисниците ќе имаат пристап до Apple Intelligence, иако Apple не добива баш најдобри реакции и оценки за овие функции досега. 

Фото: Apple

Исто како и iPad Pro минатата година, iPad Air ја добива новата Magic Keyboard која донесува поголем „тракпад“, како и 14 функциски копчиња на горната страна. 

Apple покрај овој таблет, ја претстави и единаесеттата генерација од оригиналниот iPad, но слободно може да се каже дека доста помалку корисници би биле заинтересирани за него. 

Надградбата донесува дупло повеќе простор за податоци, како и А16 Bionic чипот, но без доволно нови перформанси за Apple Intelligence. Овој таблет е погоден за корисниците кои сакаат да платат најмалку, а сакаат да користат iPad и уредот во главно го користат за разгледување веб страни, друштвени мрежи, видеа и слично. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаПонапредната верзија од Siri сега се очекува да биде пуштена во мај
Следна статијаMicrosoft го претстави Dragon Copilot асистентот кој треба да им ја олесни работата на здравствените работници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.