Фото: Microsoft

Microsoft официјално го вгради Copilot во нивниот Dragon Medical One сервис за здравствените работници и со тоа им овозможи асистент со генеративна вештачка интелигенција. 

Microsoft Dragon Copilot треба да им овозможи на здравствените работници да се посветат на нивната главна работа, тргајќи ги од нив обврските за административните работи, кратко кажано. 

Новиот Dragon Copilot е еден вид на логичен нареден чекор од постојните сервиси од компанијата. Dragon Medical One е развиен од страна на Nuance Communications, компанија која Microsoft ја купи во 2022 година. Сервисот овозможува препознавање на говорот на корисниците, а е специјално развиен за здравствените работници. 

Во комбинација со DAX Copilot од Microsoft, кој е сервис за препознавање на разговорите во околината, Dragon Copilot станува целосно решение за здравствените работници. 

Microsoft Dragon Copilot ќе им овозможи на корисниците да креираат здравствена документација, да бараат информации за пациентите, да автоматизираат повеќе активности, како што се нарачки, пишување белешки, сумирање на разговорите од прегледите и повеќе. 

За жал, Dragon Copilot не е достапен секаде во светот, па по почетната достапност во САД, ќе можат да го користат уште неколку земји, а со тек на време се очекува и поширока достапност. 

Овој сервис од Microsoft е пример за каков напредок ќе донесе генеративната вештачка интелигенција, нешто за кое поретко се гледа во време кога истата се користи за креирање на смешни слики, за пишување код и статии и слично. 

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple ја претстави седмата генерација од iPad Air надградена со М3 чипот и нова „магична“ тастатура
Следна статијаПазарот ќе добие уште еден интернет прелистувач, сега од Perplexity AI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.