Марк Гурман излезе со информација дека Apple работи на уште понапредна верзија од Siri од таа која треба да биде пуштена идната пролет. Оваа досега ненајавена верзија наводно ќе биде претставена идната година, но официјалното пуштање се планира дури за 2026.
Според информациите, во компанијата веќе се тестира оваа нова верзија од Siri, а вработените наводно ја нарекуваат „LLM Siri“.
Од ова може да се заклучи дека оваа верзија од Siri ќе функционира на основа на големите јазични модели на кои функционираат познатите „четботови“ како ChatGPT и Gemini.
Очекувано е дека Apple ќе направи вакво нешто, а со тоа тие веќе нема да бидат зависни како сега од OpenAI и Google. ChatGPT идниот месец официјално доаѓа кај iOS 18.2 и другите системи од компанијата, а во главно поради фактот што Apple доцнат со развојот на вештачката интелигенција, па немаат нешто доволно развиено како ChatGPT.
„LLM Siri“ ќе може да се користи како и другите „четботови“, односно корисниците ќе можат да ги поставуваат своите прашања во форма на разговор и Siri ќе може да го даде одговорот на ист начин.