wp-live-folders-f

Може да се каже дека единствено Apple успева навремено да издаде надградби на најновата верзија од својот оперативен систем која што потоа има голем процент на инсталирање од постојните корисници. Тоа сепак не е чудно поради тоа што како што знаете iOS работи само на малиот број на различни уреди од компанијата, па тоа го олеснува целиот процес на унифицирање на верзијата која што е најмногу користена.

Windows Phone корисниците, слично како што тоа е случајот и со Android, чекаат и до повеќе месеци додека нивниот производител и оператор пуштат надградба за нивниот уред, а често тоа и не е за најновата верзија. Поради тоа голем е бројот на корисници, вклучувајќи ме и мене, кои што се имаме приклучено на Preview for Developers програмата со што добиваме можност да ја користиме најновата неофицијална верзија од оперативниот систем, која што сепак е повеќе од стабилна и може да се користи без никакви проблеми.

Најновата верзија од Windows Phone оперативниот систем е 8.1 Update, односно 8.10.14203.306, а истата стана достапна за корисниците од вчера. Не се работи за голема надградба, за која што Microsoft нема истакнато листа на промени, но сепак очигледни се неколку новини. Претпоставувам дека вклучени се и стандардните подобрувања на перформансите и исправка на грешки и безбедносни проблеми.

Оваа најнова верзија овозможува плочката од Battery Saver апликацијата да ја прикажува состојбата на батеријата во вистинско време. Апликацијата беше надградена пред неколку дена и оваа можност беше најавена за наредната верзија од оперативниот систем, која што стана достапна брзо.

wp_ss_20141114_0001-3

Исто така, сега можете да поставите кратенка до Battery Saver на Quick Actions, како копче на горниот дел од центарот за нотификации.

Уште еден додаток во новата верзија е можноста за избор на време кога би биле симнати надградбите за системот доколку ја имате чекирано опцијата во Phone Update делот. Можноста за автоматско симнување на нови надградби кога сте поврзани на мрежа која што е погодна за тоа, беше достапно и до сега, меѓутоа активноста би се вршела веднаш после автоматската проверка.

Надградбата е веќе достапна за корисниците на Preview for Developers и можете да ја инсталирате преку проверување за нови верзии на вашиот телефон.

Извор: Windows Central

Претходна статијаUS Marshals вршат скенирање на телефони со лажни базни станици монтирани на авиони
Следна статијаFacebook ја претстави Privacy Basics страната, сака да ви помогне да разберете како функционира мрежата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.