us-spy-fake-tower-press-wsj

Во таканаречената пост – Сноуден ера, веќе не се поставува прашањето дали некоја од владините агенции, а посебно во САД, собира податоци за корисниците, туку на кој начин тоа го прави. Најчесто споменувана агенција во овие случаи е NSA, која што преку огромни дата центри, собира најразлични информации за корисниците и нивната комуникација.

Во овој случај се работи за US Marshals федералната агенција која што е дел од американското министерство за правда. Тие во главно работат во пронаоѓање на бегалци од судот, како и негова заштита.

Според информации од The Wall Street Journal весникот, оваа агенција користи лажни базни станици за мобилните телефони монтирани на мали Cessna авиони. Со тоа тие наводно успеваат да дојдат до одредени идентификациони броеви на телефоните од корисниците, како и одредени податоци на нив. Тоа тие го прават со цел прецизно наоѓање на луѓето кои што ги бараат, односно според информациите тие може да ги следат мобилните телефони со точност до 3 метри.

Овој начин на следење на телефоните бил започнат во 2007 година и трае до денес. Исто така наводно, информациите добиени од телефоните кои што се наоѓаат во реонот, а не се на бараниот човек, не се чуваат за понатамошно анализирање.

Начинот на кој што овој метод функционира е преку пуштање на сигнал од лажните базни станици кој што мобилните телефони го детектираат како стандарден. Мобилните телефони се поврзуваат на сигналот кој што го сметаат за најдобар, односно со најјак сигнал, па овие базни станици го искористуваат тоа како предност.

Следењето и собирањето на информации за корисниците обично се објаснува како потребно поради барање на криминални и терористички дејства. Меѓутоа она што претставува проблем во ова е фактот што се собираат информации од голем број на луѓе кои што најчесто немаат врска со вакви активности.

Извор: The Verge, Windows Central

Претходна статијаСите Lumia Windows Phone 8 уреди треба да бидат надградени на Windows 10
Следна статијаНова надградба за корисниците на Windows Phone 8.1 Preview for Developers
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.