Hand Holding Smartphone

Facebook може да се каже дека со текот на годините стана нешто посложен сервис за користење, односно корисниците имаат повеќе опции за прилагодување. Тоа се однесува на тоа што другите корисници кои што може да се ваши пријатели или не, можат да видат за вас, што вие гледате од другите корисници, како и рекламите од компаниите.

На ова се разбира дополнително влијаеја е сознанијата дека интернетот е место од каде што се собираат најразлични видови на информации за корисниците од страна на сигурносните агенции на државите. Facebook сигурно е една од најпривлечните места за вакво нешто поради тоа што корисниците на оваа мрежа објавуваат скоро се што е поврзано со нив, а и секојдневно оставаат нови информации преку чекирање на одредени локации, ставање на слики и слично.

Facebook од оваа недела ќе изврши промена на условите за користење, политиката за податоците и користењето на колачиња. Корисниците ќе имаат можност да даваат коментари и забелешки во наредните недела дена, по што документите ќе стапат на сила по еден месец. Главната промена во овој случај е должината на документите кои што досега вклучуваа повеќе од 9.000 зборови и сигурно бројот на корисници кои што седнале да прочитаат барем еден од нив е многу мал. Со новите промени бројот на промени ќе се намали на околу 2.000, па можеби нешто повеќе луѓе ќе ги прочитаат, меѓутоа не верувам дека тоа би бил случајот.

Она што можеби би го прочитале корисниците е новата страна Privacy Basics на која што се објаснети одредени работи на многу поедноставен начин во форма на презентација. Страната е направена да може да ја разберат и најмалку напредните корисници, па никој не би требало да има проблем со неа.

wXxvzb_qJbF

Оваа страна е поделена во три категории, односно на неа можете да прочитате за Што другите гледаат за вас, Како другите имаат интеракција со вас и Што гледате.

Во првиот дел, односно што другите гледаат за вас, се објаснети работи како кој ќе го види тоа што го објавувате и како тоа да го промените. Исто така објаснето е и како да избришете нешто што веќе го имате објавено, како да видите како вашиот профил им изгледа на другите корисници и слично. Сите објаснувања се прикажани како кратки сликовити слајдови на кои што имате и можност да пробате самите како нешто се прави.

Вториот дел објаснува како да изберете што другите можат да прават со вашиот профил, односно што корисниците можат да постираат на вашиот профил, дали можат да ве тагнат на некоја слика или локација, бришење на корисници од вашата листа на пријатели, нивно блокирање и слично.

Последниот дел се однесува на содржината која што ќе ја гледате на вашиот тајмлајн. Ова во главно се однесува на можноста за избор нешто да го гледате, помалку да го гледате или воопшто да не го гледате на вашата листа со новости. Работите кои што излегуваат како што знаете се реклами, како и објави од вашите пријатели или страни и групи кои што ги следите.

X9_hfKVtL8x

Што се однесува до документите кои што Facebook ги скратува и менува, тие во главно се темелат на следните работи. Можноста Facebook да има пристао до вашата локација, можност за следење на вашите активности на сајтови кои што не се од мрежата, маркетинг таргетирање, собирање на информации и слично.

Извор: Facebook, The Verge, WSJ

Претходна статијаНова надградба за корисниците на Windows Phone 8.1 Preview for Developers
Следна статијаБиоразградлив дрон како заштита при пад во напријателска територија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.