Brute Force Attacks се постари методи кои се користат уште во форма на скрипти или апликации кои едноставно се обидуваат да се најават на компјутерот на корисникот преку внесување на милиони комбинации од можни лозинки.

Ова е една од причините зошто се препорачува корисниците да користат подолги лозинки, со повеќе видови на карактери, а нападите ќе им треба подолго време да ја погодат лозинката.

Windows 11, а подоцна и Windows 10, ќе добијат заштита од ваквите напади, а посебно поради големиот број на корисници кои работат од дома и се поврзуваат на компаниските мрежи преку Remote Desktop протоколот.

Преку новата заштита, по внесување на 10 погрешни лозинки, системот ќе ја заклучи корисничката сметка, вклучувајќи ја и таа на администраторот, по што скриптата или апликацијата нема да може да продолжи со генерирање на можни лозинки.

Ова е повеќе од доволно да се спречат повеќето Brute Force напади, па оваа промена која ја воведува Microsoft би требало да ги направи доста побезбедни компјутерите.

Работењето од дома кое започна поради корона кризата, но остана како практика во голем број од компаниите, придонесе до намалување на безбедноста на компјутерите кои дотогаш беа заштитени во корпоративната мрежа. Ваквите мали промени во Windows прават доста, посебно за угледот на овој систем кој е најмногу користен во светот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple Watch ќе добие Pro верзија оваа година наменета за корисниците кои активно спортуваат
Следна статијаПрвиот „трејлер“ за третата сезона од Star Trek: Picard ја најавува старата екипа од The Next Generation
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.