Star Trek: Picard ќе има уште една и последна сезона која според најавите треба да биде пуштена идната година. Првиот трејлер од сезоната најавува појавување на повеќето карактери од Star Trek: The Next Generation кои беа главни во серијата и омилени кај фановите.

Овој прв трејлер не открива многу други информации за што може да очекуваме од третата сезона од оваа серија, која има поделени мислења за тоа колку е добра.

Главната причина за големото внимание на Star Trek: Picard е секако Патрик Стујард кој го игра и играше еден од најпопуларните капетани во Star Trek, капетанот Жан-Лук Пикард. Иако актерот веќе е стар, тој сепак успева одлично да ја игра својата улога.

Првата сезона од серијата може да се каже дека не беше доволно интересна, а тој заклучок беше променет со втората сезона. Се надеваме дека третата ќе биде уште поинтересна, па соодветно да заврши последната серија директно поврзана со „старите“ Star Trek серии.

Од трејлерот може да се види дека покрај Вил Рајкер и Дијана Трој, ќе ги видиме и Ворф, докторката Крашер и Џорди ЛаФорџ. Ова се главните карактери од The Next Generation кои ги играа актерите Џонатан Фрејкс, Марина Сиртис, Мајкл Дорн, Гејтс МекФејден и ЛеВар Бартон.

Една од главните улоги во втората сезона ја има Seven of Nine од Star Trek: Voyager која ја игра актерката Џери Рајан.

Кај нас Star Trek: Picard може да се гледа преку Amazon Prime Video.

Трејлерот можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаMicrosoft воведува подобра заштита од „Brute Force Attacks“ во време кога голем дел од корисниците работат од дома
Следна статијаКомпанија со истото име ги тужи Meta кои го променија името од Facebook минатата година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.