Компанијата MetaX LLC поднесе тужба пред суд во Њујорк за промената на името на Facebook во Meta. Facebook го промени своето име, односно името на компанија, не и на мрежата, минатата година, а причината за тоа е проширувањето на бизнисот во областа на „метаверзумот“, кратко кажано. Овој метаверзум вклучува виртуелна и проширена реалност, со посебни „аватари“ од корисниците и слично.

MetaX своите производи ги продава под брендот Meta, а тие се во областа на виртуелната реалност, со што користењето на истото име навистина може да предизвика забуна кај клиентите.

Од компанијата тврдат дека од промената на името на Facebook, тие претрпуваат големи штети, односно изгубен бизнис и тврдат дека лошиот углед на Facebook директно влијае на нивниот бизнис, а клиентите мислат дека двете компании се поврзани.

Тие бараат Facebook, односно сега Meta, да го промени своето име, иако и самите истакнуваат дека не веруваат дека имаат шанса против ваква компанија.

Шансите да Facebook го промени името на својата компанија се мали, па најверојатно тужбата би била спогодбено решена со плаќање на одредена сума како оштета, но ќе видиме што ќе се случува.

ИЗВОРCNN
Претходна статијаПрвиот „трејлер“ за третата сезона од Star Trek: Picard ја најавува старата екипа од The Next Generation
Следна статијаРобот му го скрши прстот на дете на шаховски натпревар помеѓу двајцата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.