За време на Moscow Chess Open шаховскиот натпревар, кој се одржуваше од 19 до 21 јули, во партија помеѓу дете и робот, роботот го скрши прстот на детето. Случајот може да се види во видеото подолу во статијата, а детето за среќа е во ред, односно поставен му е „гипс“ на прстот и се очекува дека без проблеми ќе заздрави.

Според информациите од потпретседателот на Руската Шаховска Федерација, случајот е несреќа и до неа дошло поради тоа што детето се обидело да направи потег пред роботот целосно да го заврши неговиот, односно не чекало доволно време.

Ова е првпат да се случи нешто ваков со роботот кој учествувал на повеќе натпревари изминатите 16 години. Иако се признава дека тоа што се има случено не е во ред, сепак се прават обиди да не дојде до тужби, а случајот да се препише едноставно на непочитување на процедурите за интеракција со роботот.

Објавата на Twitter каде може да се види видеото е споделена и со Елон Маск, алудирајќи на тоа дека роботите стануваат свесни и треба да сме загрижени. Ова секако не е таков случај, но сепак привлекува внимание и треба да се истражи подобро зошто работата има отидено до ова ниво.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаКомпанија со истото име ги тужи Meta кои го променија името од Facebook минатата година
Следна статијаСончева кула произведува гориво за авионите од јаглерод диоксид и вода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.