Доколку не сте корисник кој редовно проверува дали има нови верзии од оперативниот систем кој го користи, тогаш големи се шансите одамна вашиот компјутер да нема видено надградба.

Причината за тоа, објаснуваат од Microsoft, е во недоволното време на поврзаност на компјутерот за да надградбите можат автоматски да се инсталираат успешно. Според компанијата, компјутерот е потребно да е поврзан на интернет барем 2 часа за да може да биде надграден, а потоа се потребни уште 6 часа по пуштањето на надградбата.

Од ова може да се види дека корисниците кои користат лаптоп компјутер, на пример во скутот во дневна, имаат најмали шанси да ги надградат, затоа што тие сигурно многу често ги исклучуваат, односно ги користат слично како мобилните телефони.

Препораките на Microsoft во главно се насочени кон бизнис корисниците и тие им препорачуваат да компјутерите на вработените остануваат вклучени и поврзани цела вечер кога не се на работа, со цел да може да завршат сите потребни надградби.

Од компанијата истакнуваат дека половина од компјутерите кои функционираат на верзија од Windows 10 за која веќе нема поддршка, не ги задоволуваат минималните барања од Update Connectivity, како што ја нарекуваат мерката за доволно часови на поврзаност.

Компјутерите кои се на поддржана верзија од Windows 10, но ги немаат сите најнови безбедносни надградби, ги има 25% и за истите го има истиот заклучок, односно не се доволно долго поврзани.

За домашните корисници се препорачува да самите проверуваат дали има нешто во Windows Update, ако веќе не се во можност да го остават својот компјутер вклучен и поврзан подолго време, односно барем 8 часа во текот на денот.

Бизнис корисниците можат да ги гледаат статистиките поврзани со Update Connectivity и на тој начин да добијат подобра претстава зошто некои компјутери не се навремено надградени, како и да ги планираат идните процеси на надградби во компанијата.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаОбидот на Facebook со крипто валути официјално заврши
Следна статијаШест години по Калиопи, Лара ја отвора можноста да се слушне македонскиот јазик во Италија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.